Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина има план за нова контраофанзива, притоа додавајќи дека во моментов не гледа можност за преговори со рускиот претседател Владимир Путин.
„Русија ќе ја подготви својата офанзива на почетокот на летото или на крајот на мај. Тие ќе се подготват. Ние ќе се подготвиме за нивниот напад. Имаме план, јасно е, но не можам да дадам детали“, рече Зеленски на „Медиумска конференција Украина 2024“, пренесува Ројтерс.
Тој изјави дека во моментов е невозможно да се седне на преговарачка маса со Путин, бидејќи, како што тврди, не сака да слушне никого и ништо.