Израелците ја потврдија смртта на уште еден нивен војник

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска ја потврдија смртта на својот припадник Оз Даниел, кој беше убиен во напад на Хамас на југот на Израел, по што неговото тело беше однесено во Појасот Газа.

Наредникот Оз Даниел (19) служел во 77-от баталјон на 7-та оклопна бригада, а неговата смрт неодамна ја прогласил главниот рабин врз основа на наодите и новите разузнавачки информации, објави „Тајмс оф Израел“.

Според израелските власти, се уште има околу 130 заложници киднапирани од Хамас во нападот врз Израел на 7 октомври во Појасот Газа.

Сепак, се верува дека најмалку 30 од нив веќе починале.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа