Сунак: Мора да бидеме похрабри во запленувањето на руските средства

Од:

Западот треба да биде похрабар во конфискацијата на руските средства замрзнати по руската инвазија на Украина во 2022 година, изјави британскиот премиер Риши Сунак.

Во написот на Sunday Times по повод две години од почетокот на конфликтот, Сунак рече дека на Украина сè уште и треба повеќе оружје со долг дострел, беспилотни летала и муниција и друга помош.

„Мораме да бидеме похрабри во нападот на руската воена економија. Мораме да бидеме похрабри во запленувањето на стотици милијарди замрзнати руски средства“, рече тој.

Минатиот месец, британскиот министер за инвестиции Доминик Џонсон се состана со заменик-секретарот за финансии на САД, Воли Адеема, на разговори за запленувањето на замрзнатите руски средства, нагласувајќи дека тоа треба да се изврши во согласност со меѓународното право.

Европската Унија, САД, Јапонија и Канада замрзнаа околу 300 милијарди долари од средствата на руската централна банка во 2022 година кога Русија ја започна својата инвазија на Украина.

Земјите од Г7 размислуваат за заплена на имот како начин да ја натераат Русија да ја плати штетата предизвикана од нејзината инвазија на Украина.

Сунак, исто така, ги повика САД да продолжат да обезбедуваат финансиска и воена поддршка за Украина.

„Никогаш не треба да го потценуваме она што Америка досега го направи за Украина и за евроатлантската безбедност. Ги повикувам да продолжат со оваа поддршка и убеден сум дека ќе го направат тоа“, се вели во написот.

Британското Министерство за одбрана вчера најави помош од 286 милиони евра за финансирање на украинската артилериска муниција.

Би можело да ве интересира

Украина итно испраќа резерви во регионот Харков за да ја запре руската офанзива

Украина: Русија изврши комбиниран напад со дронови и ракети, двајца се повредени во Харков

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков