ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДС и ДУИ е одговорна за катастрофата со издавањето на исправи, наместо помпезни пречеци на обрасци на граница, нека го изгласаат законот за продолжување на пасошите

Од:

СДС уште еднаш ја докажаа својата неспособност. Помпезното пречекување на обрасци на граница од страна на Бојмацалиев, само уште еднаш ги потсети граѓаните на катастрофалното менаџирање со вакцините. Како и за вакцините тогаш, така и со пасошите сега, поради неспособноста на СДС граѓаните патат, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Наместо со фанфари да пречекуваат обрасци, Бојмацалиев како шеф на кабинет на Спасовски треба да се извини на граѓаните за тоа што ги оставија без пасоши, за тоа што немаа никаков план како да ја водат целата операција, за тоа што со анекси намалувале нарачки од 400.000 на неколку десетина илјади. Да потсетиме дека кон крајот на 2023 Спасовски и Бојмацалиев ги убедуваа граѓаните дека ќе може да си извадат лични и патни документи навремено согласно рокот кој тие како власт го наметнаа 14 февруари 2024. Во тој момент кога ги давале овие изјави знаеле дека има над 100 илјади фотографирани луѓе со обработени податоци, ама нема обрасци за печатење на документи, нешто кое тие го предизвикале.

Граѓани фотографирани во ноември не можеле со месеци да добијат исправа, ни во редовна, ни во експресна постапка, што е целосно спротивно на роковите за издавање. Со тоа тие ги ставија над 600 илјади граѓани на Македонија во „државен притвор“. Сега има едно решение, кое СДСМ ако има доблест треба да го направи. Да гласа за измена на законот со цел продолжување важноста на пасошите и со тоа да се ублажи проблемот кои самите го предизвикаа. Граѓаните знаат дека како сега со ДУИ и СДС на власт, никогаш не било полошо. Затоа важно е да ги поразиме. велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер