СДСМ: Со нас просeчната плата е од 40.000 денари, со ДПМНЕ беше само 22.000 денари

Од:

Со СДСМ просечната плата достигна рекордни 40.000 денари и ова е историски највисоко ниво на покачување плати во нашата држава. За разлика од времето на ДПМНЕ, кога просечната плата беше 22.000 денари или едвај 360 евра, денес платата е 650 евра, што е зголемување од 290 евра за само неколку години, се вели во соопштението од СДСМ.

-Освен просечната плата, следи зголемување на минимална плата од над 22.500 денари, по усогласување на Законот за минимална плата и тоа од идниот месец.
СДСМ ја зголеми минималната плата за 6 години, 4 пати, а во времето на ДПМНЕ минималната плата беше 8.050 денари. СДСМ со своите политики ги донесе платите до историски највисоко ниво и тука не застануваме. Платите на граѓаните ќе продолжат да растат. Овие подобрувања се резултат на правилните политики на СДСМ, која работи во интерес на граѓаните – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски