Покренати се 240 истраги против повеќе од 400 припадници на украинската армија

Од:

Во Русија се спроведени повеќе од 240 кривични истраги против речиси 400 припадници на вооружените сили на Украина за злосторства против цивилното население, изјави Родион Мирошник, специјалниот пратеник на руското Министерство за надворешни работи за злосторствата на Киев.

„Во моментов, Истражниот комитет на Руската Федерација веќе ја заврши истрагата за повеќе од 240 кривични случаи против речиси 400 украински воени лица кои извршиле воени злосторства против цивилното население, од кои во 136 кривични предмети судовите изречеле виновни пресуди против 173 лица. Помеѓу завршените случаи, четири се поврзани со повреда и смрт на малолетници“, изјави Мирошник во Руската куќа во Анкара, пренесува РИА Новости.

Според него, судот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) изрече 10 казни за украинските војници од 17 години до доживотен затвор за убиства на цивили и суров третман на воени затвореници.

Во Руската куќа во Анкара беше организирана вечер „10 години континуирана трагедија“, посветена на десетгодишнината од државниот удар во Украина и втората годишнина од почетокот на т.н. „специјалнa военa операциja во Украина“.

На гостите им беше прикажан документарниот филм „Мајдан – патот до војната“, а по проекцијата беше отворена дискусија со Мирошник.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ни требаат пари, конфликтот мора да заврши оваа есен

Во близина на зградата на украинскиот парламент во Киев се пронајдени останки од соборен руски дрон

Зеленски: Андриј Сибих ќе биде нов шеф на дипломатијата

Нов руски напад во Киев, одекнуваат експлозии

Хиперсонична ракета падна врз центарот на Лавов, има загинати

Кулеба поднесе оставка

Горан Наумовски