Бројот на загинати во несреќата во Индија кога трактор-приколка со хинду аџии се преврте и падна во езеро се искачи на 23.
Меѓу нив има и осум деца, соопштија денеска индиските власти.
Официјални лица рекоа дека најмалку девет лица се повредени, од кои некои потешко. Претходно беше соопштено дека во несреќата загинале најмалку 15 лица. Во приколката имало околу 40 аџии, кои оделе кон реката Ганг, кога тракторот излетал од патот во областа Касгањ во државата Утар Прадеш во северна Индија, пренесува АП.