Заменик-претседателот на Движењето „Европа сега“ и актуелен претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, поднесе оставка од сите функции во партијата.
„За време на формирањето на Движењето Европа сега, на граѓаните им ветивме транспарентност во работата, рационален и аргументиран дијалог за политики кои се инклузивни и одржливи.
Истовремено, ветивме дека компетентноста и личниот интегритет ќе бидат одлучувачки фактори за вработување и напредување. Исто така, ветивме поинаква политичка култура заснована на почитување на различностите и афирмација на европските вредности.
Сегашниот начин на работа е спротивен на ветувањата и вредностите што ги имав предвид при создавањето на Движењето. Поради оваа причина поднесувам оставка од сите функции во Движењето“, напиша Милатовиќ на профил на мрежата Х.