Украина ја совлада селекцијата на Италија со 66:58 и со тоа си обезбеди директен пласман и прво учество во историјата на едно Светското првенство во кошарка или новоименуваниот ФИБА Светски куп кој наредната година ќе се одржи во Шпанија.
Украина со денешната победа веќе е сигурен патник за Шпанија, а воедно си обезбеди и дуел со домашната селекција на Словенија со која ќе се борат да го освојат петтото место на актуелното Европско кошаркарско првенство.
За 7-то место ќе се борат Србија и Италија.