Млад хрватски фудбалер е убиен денеска во Сплит, полицијата го уапсила осомничениот за убиството.
Сплитско-далматинската полиција соопшти дека истражува две лица поврзани со убиството на 22-годишниот млад човек, кој утринава околу еден часот беше избоден со нож на шеталиштето Мажураниќ во Сплит.
Како што јавува Слободна Далмација, мажот кој го прободел младиот човек во градите е 31-годишниот А.Р, а жртвата е фудбалер од клуб во близина на Сплит.