На двегодишнината од војната, Сунак и Макрон ветија континуирана поддршка за Украина

Од:

Британскиот премиер Риши Сунак вети, по повод втората годишнина од руската инвазија на Украина, дека Лондон ќе стои покрај Киев „се додека е потребно“ и дека „тиранијата никогаш нема да триумфира“.

„На оваа мрачна годишнина, ние мора да ја обновиме нашата решителност“, напиша Риши Сунак во изјавата.

„Ова е моментот да покажеме дека тиранијата никогаш нема да триумфира и уште еднаш да кажеме дека ќе застанеме покрај Украина денес и утре“, додаде шефот на британската влада.

„Подготвени сме да направиме се што е потребно, колку што е потребно, додека (Украина) не победи“, додаде тој.

Лондон, кој е еден од главните поддржувачи на Киев, неодамна најави зголемување на воената помош за Украина, која за 2024/2025 година изнесуваат 2,5 милијарди фунти стерлинг (2,9 милијарди евра).

Во средината на јануари, за време на посетата на Киев, британскиот премиер најави потпишување на десетгодишен безбедносен договор меѓу Обединетото Кралство и Украина, што претседателот Володимир Зеленски го поздрави како „договор без преседан“. Во четвртокот Велика Британија најави нови санкции против Русија и нови испораки на ракети за Украина.

Санкциите се насочени кон повеќе од 50 поединци и компании, особено во секторите кои на руската армија и обезбедуваат муниција, проектили и експлозиви, соопшти Министерството за надворешни работи. Тие се насочени и кон „клучните извори на приход за Русија“, со трговија со метали, дијаманти и енергетски ресурси, со цел „да го прекинат финансирањето на нелегалната војна на Путин од сите можни страни“.

Францускиот претседател Емануел Макрон во саботата го предупреди својот руски колега Владимир Путин дека поддршката на Франција за Украина „нема да ослабне“ и дека „не треба да се смета на“ „заморот на Европејците“.

„Две години војна. Украина се бори за себе, за своите идеали, за нашата Европа. Нашата посветеност на нејзината страна нема да ослабне“, напиша Макрон во пораката објавена од Елисејската палата на социјалните мрежи по повод втората годишнина од руската инвазија.

„Русија на претседателот Путин не смее да смета на никаков замор меѓу Европејците“, предупредува француското претседателство во соопштението за печатот на мрежата X.

„Исходот од оваа војна ќе биде одлучувачки за европските интереси, вредности и безбедност. Франција е и ќе остане со Украина и со украинскиот народ“, се додава во соопштението на Елисејската палата.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања