Најмалку четири лица загинаа во големиот пожар кој зафати зграда во шпанскиот град Валенсија. Повредени се 14 лица, меѓу кои шест пожарникари и едно мало дете. Се уште се трага по 19 лица кои моментално се водат како исчезнати. Пожарот вчера околу 17 часот и 30 минути ја зафатил 14-катницата во населбата Кампанар и се проширил во соседната зграда. Пожарникарите ги извлекувале луѓето од балконот, додека силниот ветер го разгорел огнот.
▶️ At least 13 people injured in building fire in Spanish city of Valencia@PressTV – #Spain pic.twitter.com/jWPUrnysIY
— Suat Kılıçtaş (@Suatklcts) February 23, 2024
Во зградата има 138 станови, во кои живееле околу 450 луѓе. Локалните медиуми објавија дека пожарникарите спасиле неколку жители користејќи кранови, меѓу кои и брачен пар кој живеел на седмиот кат.
Естер Пучадес, потпретседател на Факултетот за индустриски технички инженери во Валенсија, изјави за шпанската новинска агенција Ефе дека ја прегледала зградата пред пожарот и дека нејзината надворешност била направена од полиуретански материјал кој повеќе не се користи многу, бидејќи е лесно запалив.
Massive fire at the 14-story building in Campanar of Valencia, Spain 🇪🇸
Video: Ahora Marina
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/nZOM5Qizla— Disaster News (@Top_Disaster) February 22, 2024
Еден човек кој живее на вториот кат од зградата изјави за ТВ каналот Ла Секста дека пожарот се проширил исклучително брзо откако избувнал на четвртиот кат. „Пожарот се прошири за 10 минути, можеби поради материјалот во фасадата“, рече тој.
Овој сомнеж го потврди инженерот Дејвид Игуера, кој за El País изјави дека причината за ширењето на пожарот е навистина материјалот во надворешниот дел на зградата. „Алуминиумските панели со изолација од пена што го сочинуваат надворешниот слој на зградата се многу добри во изолација од топлина и студ, но тие се многу запаливи“, рече тој.
Властите поставија теренска болница во областа и најавија дека жителите кои морале да ги напуштат своите домови ќе бидат сместени во хотели, пишува Би-Би-Си.