Американскиот претседател Џо Бајден денеска се сретна со вдовицата на Алексеј Навални. Двајцата се запознале во Сан Франциско, а на средбата била и ќерката на Џулија, Дарија.
– Претседателот го изрази своето воодушевување од храброста на Алексеј Навални и неговото наследство во борбата против корупцијата во Русија, каде владеењето на правото не важи подеднакво за сите – соопшти Белата куќа.
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина во петокот на 16 февруари во руски затвор, потврди руската Федерална поправна служба за областа Јамало-Ненец, додавајќи дека Навални се чувствувал лошо по утринската прошетка и изгубил свест, по што бил неуспешно реанимиран.