Соработничката на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари, денеска објави дека во медицинскиот извештај стои дека Навални починал од природна смрт.
„Во медицинскиот извештај за смртта што и беше покажан на мајката на Алексеј Навални се наведува дека причините за смртта се природни“, изјави соработничката на Навални, Кира Јармиш на социјалната мрежа Х.
Мајката на Навални претходно објави дека руските власти и го покажале телото на нејзиниот син, но дека не сакале да и го предадат.