Нашиот најтрофеен кошаркарски клуб Работнички доби нова управа. За претседател на Управниот одбор е избран Горан Геровски, кој со новите членови треба да го консолидира клубот во Градскиот парк.
Веќе има потпишано договори за засилување на тимот со Брчков и Соколов, но ќе се договора и друг квалитетен играчки кадар кој ќе го врати препознатливиот сјај на Работнички.
Управата ќе има и одговорна задача да ги расчисти натрупаните проблеми и долгови наследени од претходното раководство.
Се должат и плати на играчите, а многу повеќе на тренерите и администрацијата.
Новата управа ја очекува и тешката задача, но велат, имаат волја и желба бидејќи Работнички беше и ќе биде наша гордост.
Нови членови на УО на КК Работнички се: Горан Геровски, Дејан Тодоровски, Ѓорѓи Аврамчев, Лазар Лечиќ, Влатко Владичевски, Бајрактар Абдураим, Филип Филиповски, Велимир Симоновски, Димитар Трајчевски, Саша Богдановиќ, Љупчо Васовски и Ѓорѓи Вчков.
Новиот претседател на Управниот одбор Горан Геровски, ги повика верните навивачи City Park Boys од следната недела да остварат средба за да се надминат недоразбирањата кои постоеја досега.