(ВИДЕО) Маркоска: Надвор од Собранието обезбедувањето на Мицкоски тепа полицајци, внатре, пратениците на ДПМНЕ блокираат закони за вработените во МВР

Од:

Додека надвор од Собранието обезбедувањето на Мицкоски тепа полицајци, внатре, пратениците на ДПМНЕ блокираат закони со кои се овозможува решавање на станбените прашања за вработените во МВР и безбедносните служби. ДПМНЕ го блокира Законот за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработените во Министерството за внатрешни работи и безбедносните служби, изјави Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

– Во Комисијата за финансирање и буџет, законот го блокира претседателот на комисијата од ДПМНЕ Бојан Стојановски. Иако законот е пуштен во собраниска процедура уште на 06.07.2021 година. Со овој закон се дава можност државните станови доделени на користење на лица кои се вработени во МВР и безбедносно-разузнавачките служби, како и на лица кои стекнале право на пензија во МВР, да ги откупат и трајно да го решат своето станбен прашање.

Ете како ДПМНЕ во македонското Собрание со активна блокада постојано работи против интересот на граѓаните и против интересите на вработените во МВР. Јавно го повикуваме ДПМНЕ и Бојан Стојановски да ја прекинат блокадата и во интерес на овие луѓе да продолжи постапката и законот да биде донесен – рече Маркоска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ