Како помош за африканските земји, Русија испорача 200.000 тони пченица

Од:

Русија испорача 200.000 тони жито како хуманитарна помош во шест од најсиромашните африкански земји, изјави рускиот министер за земјоделство Дмитриј Патрушев на средбата со претседателот Владимир Путин.

„Завршивме испораки на пченица во шест од најсиромашните земји на африканскиот континент. Вкупно испорачавме 200.000 тони жито на африканскиот континент како хуманитарна помош“, рече Патрушев, пренесува ТАСС.

Тој прецизираше дека првиот брод пловел на 7 ноември 2023 година и дека последната пратка пристигнала во Сомалија на крајот на јануари и дека Мали, Буркина Фасо, Зимбабве и Еритреја добиле по 25.000 тони жито, додека Сомалија и Централна Африка Република добила по 50.000 тони жито, пренесува Танјуг.

Патрушев додаде дека ова е првпат Русија да спроведува толку обемна хуманитарна операција, јави ТАСС.

Би можело да ве интересира

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија