Људмила Навални, мајка на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, побара од рускиот претседател Владимир Путин да го предаде телото на нејзиниот син.
„Владимир Путин, дозволете ми конечно да го видам мојот син“, рекла мајката на Навални во видео пораката до рускиот претседател, пренесува Ројтерс.
Таа побарала „конечно да го предадат телото на Алексеј“ за да може достоинствено да го погреба.