(ВИДЕО) Бислимовски: ДУП во Ѓорче Петров е на директна штета на граѓаните на Карпош

Од:

Додека градоначалникот Стојковски на Општина Ѓорче Петров ја обезбедува Општината за една декада, ја уништува Општина Карпош доживотно. Со новиот катастрофален и експресен ДУП на Општина Ѓорче Петров, се доведува во прашање здравјето на граѓаните на Општина Карпош, воедно и на Град Скопје со поставување на три хемиски фабрики во непосредна близина на бунарското подрачје Лепенец, изјави Владимир Бислимовски, советник во Советот на општина Карпош.

– На товар на инфраструктурата на Општина Карпош се и новите 7.000 до 10.000 жители, односно дополнително оптеретување на сообраќајот како и водоводните и канализационите мрежи во Општината. Советничката група на СДСМ во Општина Карпош најстрого го осудува носењето на овој ДУП и застанува на страна на граѓаните на општината, ќе ги употребиме сите правни основи за стопирање на истиот – рече Бислимовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ