Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска во видео порака изјави дека ќе продолжи со работата на својот сопруг и ќе се бори за слободна Русија.
Я буду продолжать дело Алексея Навального. Продолжать бороться за нашу с вами страну. И я призываю вас встать рядом со мной. pic.twitter.com/aBOIvcYHHk
— Yulia Navalnaya (@yulia_navalnaya) February 19, 2024
„Сакам да живеам во слободна Русија, сакам да изградам слободна Русија“, рече Навална во видео пораката со наслов: „Ќе ја продолжам работата на Алексеј Навални“.
„Владимир Путин го уби мојот сопруг“, додаде Навална, нагласувајќи дека ќе работи со рускиот народ за да се бори против Кремљ и да создаде нова Русија.
Кремљ негираше вмешаност во неговата смрт.
Навална ги обвинува руските власти дека го кријат неговото тело и чекаат да исчезнат трагите од нервниот агенс Новичок.
– Сојузниците на Навални знаат зошто нејзиниот сопруг е убиен и наскоро ќе ги откријат деталите, вклучително и имињата на оние кои се вмешани во неговото убиство, рече таа.