Портпаролката на Навални: На адвокатите и мајката не им е дозволен влез во мртовечницата

Од:

Кира Јармиш, портпаролката на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој почина во петокот во затвор, изјави дека неговата мајка и адвокатите утринава не смееле да влезат во мртовечницата и дека вработените во мртовечницата не одговориле на прашањето дали телото на Навални е таму.

„Мајката на Алексеј и неговите адвокати пристигнаа во мртовечницата рано наутро. Не им беше дозволено да влезат. Еден од адвокатите беше буквално исфрлен“, напиша Јармиш на социјалната мрежа Икс.

Јармиш не прецизираше за која мртовечница се работи, но „Нова газета“ вчера објави дека телото на Навални е во Окружната клиничка болница во Салехард.

Би можело да ве интересира

Имаме документи кои докажуваат дека Навални бил отруен во затвор тврди руски Инсајдер

Московскиот суд ја потврди одлуката за апсење на Јулија Навални во отсуство

Судот во Москва издаде потерница по Јулија Навални

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен