Османи фотографира за лични документи во конзулатот во Бон

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој учествуваше на Минхенската безбедносна конференција, денеска отпатува од Минхен во Бон, каде во конзулатот на нашата држава, достави дополнителна станица за фотографирање и издавање пасоши.

– Од Минхен дојдов во Бон, како прв министер за надворешни работи што некогаш ја посетил најпрометната конзуларна единица на нашата држава. Тука донесов и дополнителна станица за фотографирање и издавање пасоши, и сега се обидуваме да им помогнеме на граѓаните со два пункта, во две смени и за време на викендот. Се надевам дека оваа реорганизација значително ќе го скрати чекањето, напиша Бујар Османи на својот фејсбук-профил.

Би можело да ве интересира

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Трамп планира да го отежни тестот за американско државјанство

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Македонските граѓани без виза можат да влезат во 130 држави во светот