Маж кој се обидел да ограби куќа во областа Хјустон, во сојузната држава Хјустон, бил убиен од тинејџер (14), соопштија денеска локалните власти.
Пукањето се случило на улицата Браунсвил непосредно пред 7 часот по локално време, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Харис.
Шерифот Ед Гонзалес рече дека мажот тропнал на вратата и веројатно се обидел да упадне во домот, каде што бил застрелан, додавајќи дека момчето пукало од внатрешноста на домот.
Тинејџерот испукал пет-шест истрели, а неговите родители во тој момент не биле дома, бидејќи отишле да ги однесат братот и сестра му на училиште.
Човекот носел ракавици и имал ранец, соопштија властите, пренесува Фокс Хјустон.
Локална група бездомници соопшти дека го препознале мажот и дека тој е бездомник од тој дел на градот.