Левица: Со 750 амандмани ја блокиравме шверцерска албанизација на државното правобранителство

Од:

Денес, пратениците на Левица со 750 амандмани го блокираа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државно правобранителство – по скратена постапка, каде спротивно на Амандман V од Уставот на Република Македонија и спротивно на препораките од Венецијанската комисија се воведуваат двојазични легитимации, се вели во соопштението од Левица.

„Левица не го признава насилнички и шверцерски донесениот т.н. „Закон за употреба на јазиците“ објавен без потпис на Претседателот на Републиката и со фрлени амандмани на опозицијата и секое т.н. усогласување со него го смета за нелегитимно и е подготвена да го спречи со сите демократски средства кои ни стојата на располагање!

Насилната и нелегална етнизација која ја спроведуваат партиите на албанското етничко малцинство, а која е одобрена од двете големи партии мора конечно да запре. Поделбите мораат да прекинат и македонскиот народ заедно со сите малцинства мора да го придвижиме кон изградба на една и единствена македонска нација во која ќе работиме за благодет на сите подеднакво“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа