Тројца повредени во сообраќајна несреќа кај Виница

Од:

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Виница – село Смојмирово. Несреќата се случила вчера, кога автомобил удрил во банкина и се превртел од патот, извести МВР.

„На 11.2.2024 во 11.46 часот во полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница-с.Смојмирово, возило „застава југо корал 55“, управувано од Д.Н.(45) од Виница, удрило во брегот од десната страна на коловозот и се превртело. Во несреќата со тешки повреди се здобила сопатничката А.И.(67) од Гостивар, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка Т.Н.(41) од Виница, констатирани во Општата болница во Кочани“ соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски