Шпанската државна железничка компанија соопшти дека 22 лица се полесно повредени во судар на два воза во Барселона.
Потпарол на компанијата прецизира дека десетина побарале медицинска помош и ниту еден не е хоспитализиран. Засега не е позната причината за железничката несреќа.