Адвокатот и политичар Роберт Бадентер, поранешниот министер за правда кој остана запаметен во Франција по укинувањето на смртната казна во 1981 година, а на територијата на поранешна Југославија како претседател на арбитражната комисија во рамките на Мировната конференција за Југославија во 1991 година, почина денеска на 95-годишна возраст.
Бадентер беше правник, професор по право на Сорбона и претседател на Францускиот Уставен совет, а во времето на распадот на Југославија беше на чело на таканаречената Бадентерова комисија, која во декември 1991 година изрази мислење дека СФРЈ беше во процес на распаѓање, врз основа на кој на 15 јануари 1992 година државите од Европската економска заедница (ЕЕЗ) ја признаа државната независност на Хрватска и Словенија во постојните граници.
Помеѓу крајот на 1991 година и средината на 1993 година, Арбитражната комисија издаде 15 мислења во врска со правни прашања кои произлегуваат од распарчувањето на Југославија.