Негувателка во Радишани тепала тригодишно дете, од насилството го загубило говорот

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишна негувателка во детска градинка за која постои основано сомнение дека сторила продолжено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

„Во временскиот период од 2022-2023 година, осомничената вработена во детска градинка во Радишани во повеќе наврати извршила психичко и физичко насилство спрема оштетено тригодишно дете кое ја посетувало јаслената група во градинката. На детето му се обраќала со погрдни зборови, го влечела и тегнела за коса, па тоа претрпело силен страв и стрес, што резултирало со губење на говор и страв од одење во градинка“, објаснија од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост кон осомниченото лице: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска осомничената да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, забрана за посетување на детската градинка и сите објекти кои се дел од истата детска градинка, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување на контакти или врски со со оштетеното дете, со неговите родители и со сведоците, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, односно оддалечување од работното место.

Би можело да ве интересира

Со тупаници и клоци ги претепале партнерките – притвор за двајца насилници во Скопје

А1он

Притвор за скопјанец – и бараше пари, па почна мајка си да ја дави за вратот

А1он

Напад врз брачен пар и нивната едногодишна ќерка во Аеродром

Горан Наумовски

Градинката каде што беше пронајден шприцот: Само едно дете има гребнатинка, можно е од гранка од оградата

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

Група од 50 насилници претепаа маж во Белград, еден од нив му нанел повреди со мачета