(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви

Од:

Најмалку четири лица загинаа во немири во северна Индија, откако властите урнаа џамија, тврдејќи дека е незаконски изградена, пишува Би-Би-Си.

Насилството започна во градот Халдвани во провинцијата Утараханд, по „операцијата“ за уривање џамии и други нелегални објекти. Властите рекоа дека акција била започната за отстранување на нелегалните структури, вклучително и џамија и соседна медреса (верско училиште).

Меѓутоа, локалните муслимани кои се молеле во џамијата сметаат дека таквиот потег е неоправдан и неправеден.

Во судирите што избувнаа вчера беа повредени стотици демонстранти и полицајци, а потврдена е и смртта на четири лица.

На видео снимките се гледа како демонстрантите палат возила и фрлаат камења, додека полицијата врз нив употребува солзавец.

Окружниот суд објави дека џамијата и медресата се урнати бидејќи биле незаконски изградени на државно земјиште и не биле регистрирани како верски објекти, а ова е трет пат во една година во Индија да има немири и протести поради уривањето на џамии, како и станбени објекти кои беа прогласени за нелегални. Минатата година индиските власти во истата провинција наредија иселување на илјадници луѓе од нелегално изградените објекти, но одлуката беше повлечена по огромните протести.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад

Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание на Нови Сад

Горан Наумовски

Протест во Нови Сад: Демонстрантите фрлаа црвена боја кон Градското собрание, неколку инциденти пред просториите на СНС

Горан Наумовски