СДСМ: ДПМНЕ нема план, а Мицкоски нема став

Од:

ДПМНЕ нема план, а Мицкоски нема став за ниту едно клучно и стратешко прашање. ДПМНЕ е против членството во ЕУ, го блокира европскиот пат, но Мицкоски, нема став, не кажува која е алтернативата, кој е планот без членство во ЕУ. Остро се противеше ДПМНЕ на Францускиот предлог, а кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание, пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став, велат од СДСМ.

– ДПМНЕ ширеше лаги за асимилација и бугаризација, кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание Договорот од Фронтекс пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став. Велеа дека имаат начин и план за продолжување на пасошите. Не ги продолжија, не ја убедија амбасадорката на Грција. Мицкоски велеше дека прифаќа учество во широка Влада, но само без ДУИ. Се случи токму спротивното. ДПМНЕ влезе во влада со ДУИ. ДПМНЕ и Мицкоски немаат ни план ни став, за ниту едно прашање – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он