ВИДЕО: Скопјани го одбележуваат Денот без автомобили

Од:

Под мотото „Во град без мојот автомобил“ неколку стотици граѓани денеска ги извадија своите велосипеди на улица со цел да ја одбележат Европската недела на движење. Велосипедското дефиле започна од плоштад Македонија.

Според планираната маршрута, тие ќе се движат по улицата „11 Октомври“ и низ булеварите „Кочо Рацин“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Јане Сандански“. На крстосницата со булеварот „Србија“ ќе направат полукружно вртење и велосипедистите ќе се вратат по булеварите „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски-Питу“ „Крсте Мисирков“, „Гоце Делчев“, „Илинден“. Влезот во Градски парк е меѓу паркингот на Зоолошката градина и бараките на Град Скопје, до Школка во Градски парк.

Попладне кај Школка ќе се одржи манифестација на која ќе се обрати градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, а за учесниците се предвидени и награди. Во текот на движењето на велосипедистите, ќе има краток прекин на сообраќајот на овие улици и булевари.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство