(ВИДЕО) Мицкоски: Фотоволтаици да, но не уништување на плодно земјоделско земјиште, за некој да печали на грбот на граѓаните

Од:

Вчера беше усвоена потребата од носењето на четирите закони, да напоменам дека тоа се практично стратешки инвестиции кои што се резултат на специјален закон кој што по скратена постапка го поднесе Владата на СДСМ и ДУИ во Парламентот. Две од тие инвестиции условно кажано стратешки јас денеска ќе ги зборувам, а во периодот кој што следи ќе зборувам и другите. Односно ќе зборувам за негативното влијание и повторно би рекол злоделото или злочинот кој што го прави Владата на СДСМ и ДУИ врз иднината на нашата Македонија, на граѓаните и ги задолжува практично неродените деца, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дебата Економска платформа за иднина на тема „Нов концепт за економски развој“ која се одржа во Велес.

„Тоа се две инвестиции кои што денеска ќе ги образложам и кои што треба македонската јавност да ги знае, а тоа се едната е изградба на т.н. агрофотоволтаик кој што се протега во делот помеѓу Штип и Свети Николе. И вториот е фотоволтаикот во општина Пехчево. Овој агрофотоволтаик е француска инвестиција, а овој што е во Пехчево е бугарска инвестиција“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека не е против инвестиции во производни капацитети посебно за електрична енергија. Но, условите за инвестиции треба да се исти како за сите останати. Но, кај овие две инвестиции условите не се исти како за сите останати.

„Ќе кажам зошто не се како за сите останати. Да речеме овој условно кажаниот инвеститор што планира да нареди земја од неколку стотици хектари плодна помеѓу Штип и Свети Николе, ќе нареди фотоволтаици на околу 500-тини хектари земјоделска плодна почва од прва, втора и трета категорија. И луѓето кои што денеска ја обработуваат земјата, и луѓето кои што таму ги хранат своите семејства ќе го изгубат тоа право. И замислете таа почва и таа земја ќе му се отстапи по 0,14 денари за м2 закуп. А, има право потоа да ја даде повторно на некои индивидуални земјоделци според ценовникот кој што го има државата, а тоа е 70 денари по м2. Значи тоа е 500 пати повеќе. И од само тоа може повеќе од 9 милиони евра да заработи годишно“, заклучи тој.

Тој посочи дека таа енергија која што ќе ја произведува инвеститорот државата му гарантира цена во следните 30 години дека ќе му ја откупува. И таа цена ќе биде 57 евра за мегават час. Со тоа што секоја година ќе расте до 2%, значи секоја година од прилика по едно евро ќе расте бидејќи ја има в предвид инфлацијата, останатите трошоци итн.

„Моето прашање е зошто се овие толку посебни, што ја имаат оваа прилика да ја имаат оваа откупна цена, а зошто ниту еден друг во Македонија, македонски инвеститор ја нема оваа привилегија да има загарантирана откупна цена во следните 30 години“, запраша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Еве ако е толку паметно ова што го направила Владата, јас веднаш ќе кажам се ова што го зборувам досега го повлекувам, под истите услови нека даде француската Влада во Нормандија македонска инвестиција. Но, под истите услови. Ама ако е толку добро ова за Македонија, да направиме и ние Македонците нешто добро за Франција“, појасни Мицкоски.

Тој укажа дека ако е толку добро ова за Македонија, тогаш нека има македонска инвестиција во Франција со истите услови. Но, нема да помине тоа такво во Франција, туку ќе го исфрлат на клоца македонскиот инвеститор.

„Но, кај нас имаме политичари кои што ниту знаат, ниту пак имаат план или стратегија“, нагласи Мицкоски.

„Понатаму, велат дека на овој начин ќе се подобрела состојбата во македонската економија. Од 270 милиони евра инвестиција, 240 е увоз. Нема ништо домашно, се е увоз. Не знам како ќе се подобри перформансот на македонската економија, ако вие 90% од инвестицијата увозувате“, појасни тој.

Мицкоски рече дека оваа инвестиција не е трудоинтензивна. Дури не треба ниту еден човек да вработи. Може да си ангажираат надворешна компанија и таа да се грижи за безбедноста на самиот објект.

„А, годишниот приход од оваа загарантирана електрична енергија што ќе ја продадат на државата е повеќе од 40 милиони евра. Што значи кога ќе се пресметаат добивката и сето она кое што претставува трошок, а е многу минимален како оперативен трошок од 30 години за 7 ипол години ќе ја вратат инвестицијата. 22 и половина години тие ќе печалат на грбот на овој народ“, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека криминалната група на Владата на СДСМ и ДУИ прави вакви потези за да друг печали на грбот на македонскиот народ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

СДСМ: Со буџетот Владата ќе троши на чоколадо, а за граѓаните сув леб

Горан Наумовски