(ВИДЕО) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжи политиката на рамен данок, ќе реалоцира една милијарда за проекти за општините и ќе понуди мултинационални компании во светот да ги пренесат своите профитни центри во Македонија

Од:

Нема да биде како до сега, досега беше лошо, односно не било полошо. Кога станува збор за економијата можам да кажам дека за нас што претставува најголем приоритет. Според сите мерења на јавното мислење, како прв приоритет граѓаните го посочуваат проблемот со нискиот стандард, ниските плати, економијата. Што значи дека ако ние направиме сериозни реформи, што не се сомневам, убеден сум дека ќе направиме нешто што ќе биде историски значајно и ќе ја трансформира Македонија во насока во која сакаме да ја видиме, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата за Економска платформа за иднина на тема „Нов концепт за економски развој“ во Велес.

Мицкоски истакна дека изминативе 6 и половина години владата на СДС и ДУИ ја заковаа Македонија на дното, во регионот и Европа според економските параметри, дали е тоа раст на БДП, странски инвестиции, домашни инвестиции.

– Македонија се наоѓа денеска на дното и сите тоа го знаеме и тоа е една од причините поради кои ВМРО-ДПМНЕ влегува во овие избори, и ние на два месеци од почеток како кампањата сме фаворит, затоа што граѓаните кога ќе ги прашате која од политичките партии очекуваат да ги решат тие проблеми, во огромно мнозинство се изјаснуваат дека очекуваат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да ги решат тие проблеми, изјави Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ во иднина има намера да ја продолжи политиката на ниски давачки, односно рамен данок кој што е карактерна особина и претпознатлив реформски потег кој го почна ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДС во одреден период осцилираше и воведуваше прогресивен данок и создаде непријатна атмосфера во бизнисот, атмосфера на непознато и на тој начин бизнисмените не инвестираа, не отвораа работни места, а економијата тапкаше во место и сега сме последни позади Косово, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе пакет кој ќе опфати понуда до мултинационални компании во светот да ги пренесат своите профитни центри во Македонија.

Тука не зборувам за производни, туку профитни центри, и на тој начин тие својата консолидирана добивка ќе ја донесат во Македонија, односно за ниски даноци до 5% ќе можат да ја консолидираат нивната добивка тука, Македонија ќе биде земја со најнизок рамен данок на профит во Европа, нагласи тој.

Мицкоски го потенцираше и проектот со кој се планира реалокација на средства од државниот буџет кон општините, за финансирање на проекти кои се важни за граѓаните, а кои за жал досега не биле реализирани.

Мицкоски посочи дека тоа се проекти како водови, канализација, патишта, училишта, градинки и така натаму.

Граѓаните мора да почувствуваат дека владата се грижи за нив. Овој проект годишно ќе зафати околу 250 милиони евра или во 4 годишен мандат 1 милијарда евра, изјави Мицкоски

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

СДСМ: Со буџетот Владата ќе троши на чоколадо, а за граѓаните сув леб

Горан Наумовски