Во лизгање на земјиштето на Филипините што затрупа автобуси и куќи во село во кое се наоѓа рудник за злато загинаа 11 лица, а 110 се водат како исчезнати, соопштија властите.
Повеќе од 1.166 семејства кои живеат во близина на областа погодена од одроните се евакуирани во побезбедни населби, пренесува Ројтерс.
Роза Кристина Розете-Мануел, портпаролка на Источната команда на филипинската армија, рече дека спасувачите се уште се надеваат дека ќе најдат преживеани.