Гир: Загрижува слабата имплементација на препораките на Антикорупциска

Од:

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска порача дека загрижува слабата имплементација на препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Тој потенцираше дека сите препораки на ДКСК како и на Државниот ревизор не се тајни, туку се јавно достапни и граѓаните очекуваат истите да бидат доследно имплементирани.

-Работата на ДКСК е од огромна важност затоа што покажа загриженост и покрена прашања кои ги тангираат и граѓаните и институциите. Вистина е дека сите тие препораки кои што произлегуваат од ДКСК, а се неимплементирани е загрижувачки за сите нас, изјави Гир за време на донацијата на амбулантни возила на скопската Итна помош, во одговор на новинарско прашање.

Тој подвлече дека низ текот на годините опаѓа процентот на имплементацијата на препораките кои произлегуваат од ДКСК.

-Ако ги разгледате сите препораки кои произлегуваат од ДКСК, како и процентот на нивна имплементација низ текот на годините, ќе забележите дека од 20 отсто паѓаат на 10 отсто, па се до неодамна на 14 отсто. Тоа навистина е многу разочарувачки и со право граѓаните очекуваат да има висока имплементација на нивните препораки. Сите препораки кои што произлегуваат од извештајот на Државниот ревизор и на ДКСК не се тајни. Тие се јавно достапни и ние но и граѓаните очекуваат да бидат доследно имплементирани, додаде Гир.

Би можело да ве интересира

234 советници во општини кои не поднеле изјава за имотна состојба

ДКСК ќе иницира постапка за користење автобуси на јавно претпријатие за изборно рекламирање на градоначалник

Антикорупциска го усвои извештајот за финансирањето на кампањата за локалните избори 2025 и ја избра Софија Спасова Медарска за заменик-претседателка

Во Антикорупциска има мрежа преку Цвета Ристовска за контрола на предмети за ВМРО-ДПМНЕ, тврди Левица

И Орце Ѓорѓиевски и Данела Арсовска не пријавиле имот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски