ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Од:

Денешната пленарна седница на Собранието на Албанија заврши порано од планираното, поради немирите кои настанаа за време на говорите на пратениците.

Имено, како што наведува порталот „Њузбомб Албанија“, претседателката на собранието Линдита Николи седницата ја затворила за 15 минути и 40 секунди поради хаосот и вревата предизвикана од исклучените опозиционери, кои оневозможиле седницата да продолжи непречено.

Како што понатаму се наведува, протести се одржуваат пред собранието, по што на седницата влегле пратеници од опозицијата и предизвикале тензии. На говорницата се обрати шефот на пратеничката група на ДП, Газмент Барди, а според албанските медиуми, Барди се обидел да фрли непознат предмет кон премиерот Еди Рама.

Иако седницата заврши порано, пратениците од опозицијата и нивните симпатизери продолжуваат со протестите пред Собранието.

“Со незаконска наредба, пратениците од опозицијата добија забрана за влез во парламентот. Дури и против пратеници кои немаа дисциплинска мерка. Незамисливо е пратениците да мора да ги кинат кошулите и оделата за да влезат во пленарната сала”, изјави Барда пред толпата.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски