Египет бара формирање независна држава Палестина

Од:

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри повика на прекин на огнот во Газа и распоред за формирање независна држава Палестина, јавува Анадолија.

Како што пренесува египетскиот канал „Ал Каиро“, министерот Шукри повика на прекин на огнот во Газа на прес-конференцијата што ја одржа во главниот град Каиро со францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежур, кој го посети Египет.

Тој повтори дека Египет е против присилната миграција на Палестинците во Газа и изјави дека со францускиот колега разговарал за прашањето за прекин на огнот во Газа и за испорака на хуманитарна помош.

Додека израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат од 7 октомври, Египет прави напори за посредување да воспостави прекин на огнот во регионот.

Израел започна смртоносна офанзива на Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, при што загинаа најмалку 27.365 Палестинци, а беа ранети 66.630.

Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

Би можело да ве интересира

ОН: 109 Палестинци убиени, 296 ранети во Газа за три дена

Гутереш: Голема офанзива во Рафах ќе доводе до катастрофа

Израелска војска: Ги разгледуваме предлозите за заложници и продолжуваме со операцијата во Газа

Хамас: Предлог за прекин на огнот во три фази

Хамас го прифати мировниот предлог за прекин на огнот во Газа

Израелско воено радио: ИДФ ја започна евакуацијата на палестинските цивили од Рафах