Хеликоптер на турската полиција се урна синоќа на југот на земјата, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Тој на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави дека загинале двајца полицајци, а еден е повреден.
Gaziantep’in Nurdağı ilçesi kırsalında, kaza kırıma uğrayan polis helikopterinin gece saatlerinde cep telefonu ile çekilmiş görüntüleri ortaya çıktı.
Helikopterin düşmesiyle beraber 2 şehidimiz var…
Allah rahmet eylesin…🙏🙏🙏#nurdağı #taksici 🚀
— Anonymous (@anonymuser2007) February 4, 2024
Се наведува дека хеликоптерот полетал од аеродромот во Хатај во правец на Газиантеп, а контактот со леталото бил изгубен околу 23.30 часот по локално време.
Јерликаја изјави дека хеликоптерот паднал во близина на селото Картал во регионот Нурдаги кај Газиантеп.
– Повредениот член на екипажот, кој по професија е техничар, е префрлен во болница – изјави Фахретин Коџа, турскиот министер за здравство.