Израел се подготвува за нова војна: Армијата распореди три дивизии

Од:

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари денеска соопшти дека армијата распоредила три дивизии на северната граница.

Тој посочи дека ИДФ работи на „преобликување на безбедносната реалност“ на северната граница, за да можат околу 80.000 Израелци раселени од нападите на Хезболах да се вратат во своите домови.

„Не ја избираме војната како прва опција, но секако сме подготвени и постојано се подготвуваме за неа, доколку е потребно“, рече Хагари на прес-конференција, пренесува Тајмс оф Израел.

Тој прецизира дека ИДФ нападнале повеќе од 150 ќелии, убивајќи околу 200 терористички оперативци, главно членови на Хезболах, и гаѓајќи повеќе од 3.400 локации на Хезболах од почетокот на војната во Газа.

Според него, целите вклучуваат околу 120 набљудувачки пунктови, 40 магацини за оружје и 40 командни центри управувани од членови на Хезболах, заедно со значајни локации како што е воздушната писта што Хезболах ја користи за лансирање беспилотни летала и складиште за оружје каде што се чуваат противвоздушни ракети.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри