Американскиот претседател Џозеф Бајден лесно победи на изборите за претседателска номинација на Демократската партија во Јужна Каролина, победувајќи ги другите демократски кандидати, освојувајќи ги сите 55 делегати на демократите во таа држава, пренесува АП.
Бајден ги победи другите демократски кандидати, вклучително и претставникот на Минесота Дин Филипс и авторката Маријана Вилијамсон.
„Во 2020 година, гласачите на Јужна Каролина беа тие што докажаа дека експертите грешат. Тие вдадоа нов живот во нашата кампања и не ставија на патот кон освојување на Белата куќа. Оваа година граѓаните на Јужна Каролина повторно проговорија и нема сомнеж дека нè поставија на патот да го направиме Доналд Трамп повторно губитник“, рече Бајден во изјавата.