Левица: Државата го избриша Гоце Делчев

Од:

На само еден ден пред одбележувањето на 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, квинслишката Влада НЕМА никаква најава за чествување на овој настан! За разлика од претходни години, кога се организира свечена манифестација на која се покануваат различни организации и политички партии, оваа година изостанува било каква покана, велат од партијата Левица.

„Освен една штура најава за собраниска делегација по повод овој ден, нема никаква најава, ниту организација од страна на Владата. Нема никаква најава ниту за меѓународната манифестација „Гоцеви денови”, која со години се организира во чест на македонскиот великан. Ваквото свесно девалвирање и бришење од колективната меморија на ликот и делото на Делчев е еднакво на национално ПРЕДАВСТВО пред бугарските неоврховистички барања! Оваа одродена и анти-македонска гарнитура на СДС, која откако го избриша АСНОМ од Уставот, продолжува да го размонтира македонскиот идентитет и националната борба на Македонците за конституирање на сопствена македонска држава.

Делчев е апостолот на македонската национална свест, Делчев е бастионот на македонската државотворност, Делчев е исконскиот порив на секој Македонец за самостојна и независна македонска држава – и затоа, секој напад врз неговиот лик е напад на темелите на македонската Република. Додека живеат идеалите на Делчев , ќе живее и Републиката – и ниту една привремена и предавничка власт не може да го избрише од колективната меморија на македонската нација – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ДПМНЕ

Горан Наумовски

Левица со Предлог-закон за ограничување на учевството на армијата во странски операции

Левица: Скопје како плен, реваншизам, неспособност и системско уништување под ДПМНЕ и Ѓорѓиевски

Горан Наумовски

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита