Мицкоски: Владата во иднина ќе направи координативно тело помеѓу институциите за пензионерите од дијаспората кои ќе одлучат да се вратат во Македонија

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната изјава од Женева, Швајцарија, беше прашан за тоа како би влијаело доколку се формира Министерство за дијаспора во однос на економскиот развој на Македонија, во однос на соработката помеѓу Македонците во Македонија и Македонците кои се надвор.

„Имаше таков предлог и барање од страна на луѓето кои беа денешни наши соговорници, претставниците на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Од наша страна беше објаснето дека станува збор за системски закон и дека за тој закон се потребни 80 пратеника односно 2/3 кои би го поддржале тоа системско решение, но доколку не успееме да обезбедиме 80 пратеника или 2/3 од страна на потпретседателот Николоски беше презентирана идејата за формирање на пошироко координативно тело кое би го опфатило МВР, МОН, МНР во форма на координатор на проектот, Агенцијата за иселеништво, МТСП бидејќи се повеќе пензионери од дијаспората се враќаат во Македонија и тоа е едно координативно тело да биде местото каде би се собирале потребите и тоа координативно тело би давало одговор и би ги спроведувало сите оние барања кои доаѓаат од дијаспората на еден подинамичен начин“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој продолжи и додаде дека министерствата би биле многу подинамични отколку да има една Агенција или Министерство.

„Сепак министерствата би биле многу подинамични отколку да имаме една Агенција или Министерство кое во суштина ги нема тие ингеренции бидејќи овие министерства ги имаат тие ингеренции кои ги содржат потребите на нашинците во дијаспората“, заклучи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

СДСМ: Со буџетот Владата ќе троши на чоколадо, а за граѓаните сув леб

Горан Наумовски