Ирачкиот премиер Мухамед Шија ал Судани прогласи тридневна жалост по американските напади во текот на ноќта.
Прес-службата на ирачкиот амбасадор соопшти дека Ал Судани прогласил тридневна жалост во сите државни оддели и институции, јави Ирачката новинска агенција (ИНА).
„Се молиме за милоста на мачениците, членовите на нашите вооружени сили и цивилите кои беа убиени во бомбардирањето на американските сили на областите Акашат и Ал Каим, западно од провинцијата Анбар“, се вели во соопштението.