(ВИДЕО) Делева: Додека Муцунски се занимава со претстојните избори, Општината тоне во нечистотија

Од:

Аеродром тоне во нечистотија. Некогаш најчистата и најзелена скопска општина денес се претвора во огромна дива депонија, за која речи си никој не води грижа.

Секојдневно сме сведоци на преполни корпи за џебен отпад кои делуваат како никогаш да не се исчистени. Блоковското зеленило се полни со кабаст отпад кој со месеци стои на зелените површини на кои некогаш играа деца, изјави Сузана Делева, советничка на СДСМ во Советот на Општина Аеродром.

– Јавните површини меѓу зградите никогаш не биле повалкани. Ѓубре на секој чекор можат да посведочат нашите сограѓани кои секојдневно упатуваат апели за редовно чистење на општината. Го потсетуваме градоначалникот Тимчо Муцунски, дека доби доверба од граѓаните со ветувањата дека Аеродром ќе биде најчистата скопска општина, по реорганизацијата на службите за одржување на хигиената. Ова беше еден од неговите топ 7 приоритети за Аеродром.

Секојдневие станаа и преполните контејнери во Стар Аеродром и околу трговските центри Скопјанка, Три Бисери, Бисер, Капитол, Лиса и други јавни површини со зголемена фреквенција на движење. Речи си никаква реакција од Муцунски и Општината за ваквата алармантна состојба нема ни до Градот Скопје и јавното градско претпријатие Комунална хигиена. Јавно го прашуваме Муцунски, има ли Аеродром градоначалник?

Го повикуваме Градоначалникот на Аеродром, да се фокусира на обврските во општината наместо да се занимава со претстојните парламентарни и претседателски избори. Ѓубрето во Општина Аеродром нема само да се исчисти – рече Делева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО