УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

Од:

Најмалку 17 илјади деца се одвоени од нивните семејства во Појасот Газа. Toa e еден процент од целото раселено население од 1,7 милиони, рече портпаролот на УНИЦЕФ за палестинските територии, Џонатан Крикс.

Говорејќи на видео-конференција од Ерусалим, тој изјави дека е исклучително тешко да се пронајдат децата, бидејќи понекогаш не можат да ги кажат ни нивните имиња кога доаѓаат во болници.

– Децата кои остануваат без родители за време на конфликтот често се згрижени од други роднини, но моментално во Газа, каде што нема храна, вода и засолниште, дури и оние пошироки семејства тешко се грижат за своите деца, рече Крикс.

Според УНИЦЕФ, на речиси сите деца во Газа, кои наводно ги има повеќе од еден милион, им е потребна поддршка за зачувување на нивното ментално здравје, што е двојно повеќе отколку пред почетокот на војната, предизвикана од нападите на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

– Децата покажуваат симптоми на високо ниво на анксиозност, губење на апетит, не можат да спијат, имаат емоционални испади и паника секој пат кога ќе слушнат звуци на бомбардирање – рече портпаролот на УНИЦЕФ.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас