Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека континуираната финансиска поддршка од Европската унија ќе ја зајакне економската и финансиската стабилност на земјата.
„Благодарен сум на Шарл Мишел и на лидерите на ЕУ за формирањето фонд за Украина од 50 милијарди евра за периодот од 2024 до 2027 година. Многу е важно што одлуката ја донесоа сите 27 лидери, што уште еднаш го докажува силното единство на Унијата“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Х.
Тој додаде дека „континуираната финансиска поддршка на ЕУ за Украина ќе ја зајакне долгорочната економска и финансиска стабилност, што не е помалку важно од воената помош и санкциите против Русија“.