ВМРО-ДПМНЕ: Талат Џафери место да сработи нешто, три дена парадира низ државата, како патувачки циркус

Од:

Талат Џафери, откако стана премиер освен што парадира низ државата, како патувачки циркус, ништо нема сработено продуктивно. Главен е за пиење кафиња на плоштад, со службени возила и пречеци во Форино, додека и Македонците и Албанците немаат леб да јадат. Впрочем и што може да се очекува повеќе од кадрите на ДУИ, кои освен крадење на народни пари, преку милионски тендери и не знаат за друго, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Сето ова го дозволи сервилниот Ковачевски, кој на поклон им ја даде државата на ДУИ, само за да протурка уште некој ден повеќе на власт. Граѓаните со право имаат чувство дека ја имаат изгубено државата. Тоа ќе се промени веднаш по преземањето на власта на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе се врати повторно на народот. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме – нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски