Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ги минимизираше стравувањата дека реизборот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе го ослабне тој одбранбен сојуз.
Столтенберг изјави дека не мисли оти враќањето на Трамп на чело на САД ќе го загрози членството на земјата во НАТО, пренесе Ројтерс.
„Верувам дека САД ќе продолжат да бидат силен сојузник во НАТО, без оглед на исходот од американските избори, бидејќи тоа е во интерес на САД“, рече тој во интервју за Си-Ен-Ен.