Левица: Претседателката Чадиева која треба да штити од дискриминација дискриминирала работник на работно место

Од:

Неспособноста на кадрите на владејачката СДС најдобро се отсликува преку работата на претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка – Даница Чадиева. Иако целокупното работење на Чадиева е проследено со скандали, истата минатата година го доби вториот мандат од власта да управува со оваа Комисија. Чадиева истовремено е и Претседател на ОК СДСМ Велес, иако иронично, Чадиева доаѓа од редовите на ЛДП, се вели во соопштението од Левица.

– Последниот скандал е одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која донела одлука дека Даница Чадиева вршела дискриминација врз вработен во институцијата со која таа раководи. Ваквото изживување од Чадиева доаѓа затоа што вработениот не постапил по нејзината директива за одреден предмет и донесол решение спротивно на нејзиното барање. Поради ваквата одлука, Чадиева незаконски го отпуштила од работа, по што работникот го добил спорот пред Граѓанскиот суд Скопје.

Од информациите кои стигнаа до Левица, ваквиот мобинг врз вработените е пракса од страна на Чадиева, која е поставена да раководи со институција која треба да ги штити граѓаните од дискриминација. Чадиева, во стилот на партиски послушник, постојано давала насоки до вработените како да постапат по конкретни предмети, проследено со закани. Од ваквиот однос на Чадиева, голем дел од вработените ја напуштиле институцијата, со што е доведено во прашање нејзиното ефикасно функционирање.

Левица претходно објави дека Чадиева не постапила и во случајот со починатиот Тони Сали, каде нејзината Комисија ја прифатила жалбата на Сали надвор од законскиот рок, еден месец после неговата смрт! Ова е само дел од скандалозното и незаконското работење на Чадиева, за која Левица ќе продолжи да објавува информации се до конечно нејзино разрешување од страна на власта – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Нова дивоградба во Чаир узурпира државно земјиште

А1он

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство