Истражителите на центарот „Досие“ успеале да го снимат тајниот имот на Путин во Карелија, република во северозападниот дел на Русија, долж границата со Финска. Ова е првпат имотот да биде детално фотографиран откако почна неговата изградба пред 10 години.
„Тајната северна резиденција на Путин во Карелија навлегува во сè повеќе заштитени подрачја, а нејзината територија е веќе двојно поголема од Монако“, напиша Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, на X.
Putin's secret Northern Residence in Karelia is encroaching on more and more protected lands, and its territory has already doubled that of Monaco.
Investigators of the Dossier Center managed to have a look at the renovated interiors of "Putin's dacha" in Karelia 10 years after… pic.twitter.com/8zk2mtexlX
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 30, 2024
Објектот во Карелија е познат од 2016 година, но до сега немаше детални фотографии и видеа. Неговите пријатели милијардери од Санкт Петербург, меѓу кои беше и Јуриј Ковалчук, почнаа да ја градат резиденцијата пред повеќе од десет години. Мештаните велат дека Путин овде се појавува барем еднаш годишно, по посетата на манастирот Валаам.
Според објавените документи, површината на резиденцијата е околу еден квадратен километар, но земајќи ги предвид затворените шуми и заливи, вистинската површина е околу четири квадратни километри.
Водопадот Марџалахти, кој е висок четири метри, треба да биде дел од националниот парк, но пристапот до него е ограничен со ограда со бодликава жица и деноноќно обезбедување. Наспроти водопадот беше поставен белведер за „сопственикот на водопадот“ за да може сам да му се восхитува на бисерот на националниот парк, напиша Герашченко.
Во околината има три згради – колиба за рибари, штала и градина. Но по изглед не личат на колиба или штала, туку се изградени во модерен стил. Во близина на една од куќите има насип кој бил изграден по почетокот на војната. Новинарите претпоставуваат дека за заштита на Путин таму бил инсталиран противвоздушниот систем Pancir-S1.